Top Sport

Австралија ќе биде без првата ѕвезда на Мундобаскет

Најпознатиот австралиски кошаркар Бен Симонс нема да биде дел од „кенгурите“ на претстојниот Мундобаскет кој од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Кошаркарот на Бруклин Нетс во договор со клубот решил да го откаже настапот за репрезентацијата за да се одмори и што подобро да се подготви за следната сезона.
Симонс дојде во НБА во 2016 година како прв пик на драфтот. Тој беше избран од Филаделфија. Следните шест години ги помина во тој клуб, а потоа се пресели во Бруклин Нетс.

Во отсуство на Симонс, Австралија ќе ја предводи неговиот искусен соиграч од Бруклин, Пети Милс, а тука ќе бидат поранешните и сегашните играчи на Партизан, Џок Ландејл и Данте Ексум.

„Кенгурите“ се сместени во групата Е заедно со домаќинот Јапонија, Финска и so Германија.

Scroll to Top