Top Sport

Хакими се согласил да го продолжи договорот со ПСЖ

Ашраф Хакими, десниот бек на ПСЖ, ќе го продолжи договорот со клубот, тврди „Лекип“. Хакими кариерата ја започна во младинскиот тим на Реал, во Мадрид никогаш не доби вистинска шанса, одигра една сезона на позајмица во Борусија Дортмунд, а потоа се пресели во Интер. Пред три години од „Џузепе Меаца“ се пресели во ПСЖ.

Мароканецот и клубот од „Паркот на принцовите“ ќе потпишат нов договор до 2029 година, поточно Хакими ќе го продолжи актуелниот договор кој истекува во јуни 2026 година.

„На професионален план тој сè уште е на нивото на кое беше кога пристигнав овде, значи на многу високо ниво. Мислам дека одлично се вклопува со нашите карактеристики“, изјави неодамна тренерот Луси Енрике за Хакими.

Инаку, моменталната вредност на Хакими според „Трансфермаркт“ е 60 милиони евра.

Ашраф Хакими е актуелен репрезентативец и капитен на мароканската репрезентација за која забележа 82 настапи и постигна десет гола.

Scroll to Top