Норвешката сензација на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ќе добие цела година бесплатна храна од ресторанот на поранешниот фудбалер на „милионерите“, Кевин Гроскројц откако постигна гол во Ревиердербито со Шалке за 3:0 победа.
32-годишниот поранешен германски репрезентативец сега игра во третолигашот Ердинген, но останува страствен навивач на клубот од неговиот роден град, и сега ќе го чести Халанд бесплатна храна во неговиот „Мит Шмакес“ ресторан во Дортмунд.
„Фантастично момче! Една година бесплатна храна во ‘Мит Шмакес’, брату“, напиша Гроскројц на Инстаграм.
Гроскројц имаше повеќе од 200 настапи за Дортмунд во шесте години во клубот (2009-2015), освојувајќи две титули под водство на Јирген Клоп.