Top Sport

Халанд е подготвен

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд се враќа во тимот на Борусија Дортмунд откако се рехабилитирал од повредата на коленото, открил тренерот Лусиен Фавр.

„Започна да тренира во средата. Работеше нормално“, рекол Фавр.

Халанд досега има постигнато 10 гола на 11 одиграни натпревар за Борусија. Норвежанецот во Дортмунд пристигна во јануарскиот преоден рок.

Халанд се повреди на натпреварот со Баерн, потоа ги пропушти дуелите со Падердброн и Херта.

Борусија Дортмунд на четири кола до крајот на сезоната во Бундес лигата се наоѓа на второто место со седум поени помалку од лидерот Баерн.

Scroll to Top