Top Sport

Шест пливачки поднеле тужби против УСАС

Шест поранешни американски пливачки поднеле тужби против Пливачкиот сојуз на САД (УСАС) бидејќи ова тело не ги заштитило од сексуалното злоставување на тројца тренери.

Дебра Гроденски, Сузет Моран и Трејси Палмеро заедно со уште три жени кои остануваат анонимни поднеле три тужби против УС Свиминг. Тие тврдат дека УСАС не ги заштитиле од сексуалното злоставување на поранешниот тренер на американската репрезентација Мич Ивеј, поранешниот директор на репрезентацијата Еверет Учијама и поранешниот тренер Ендрју Кинг.

„Моето сексуално злоставување 100 отсто можеше да биде спречено“, рекла Гроденски откривајќи дека Кинг ја злоставувал кога била на возраст од 11 до 16 години. Во наведениот период таа била пливака во Калифорнија. Имала 16 години кога тогаш37 годишниот Кинг барала да се венчаат.

Од предлогот била толку многу вознемирена и преплашена поради што решила да го напушти спортот.

Таа сега има 51 година живее во Њујорк и со години се лечи од депресија.

„Сакам оваа тужба да го разбуди американското пливање“, рекла таа.

Моран изјавила дека Кинг ја тренирал кога имала 12 години, кога Ивеј започнал да ја злоставува. Со 17 години забременила поради што неколку месеци пред Олимписките игри во 1984 година морала да абортира.

Кинг е уапсен во април 2009 година поради сексуален напад врз малолетен пливач. За вкупно 20 обвинувања за злоставување на деца тој е осуден на 40 години затвор.

Ивеј е отпуштен во 1993 година додека бил тренер на универзитетот Флорида. Тогаш имало обвинувања дека сексуално злоупотребува пливачи. Сепак и покрај отказот Ивеј останал активен во спортот. Дури во 2013 година добил доживатона забрана за работа во спортот.

Scroll to Top