Борусија Дортмунд синоќа ја прекина серијата од два порази во Бундеслигата. „Милионерите“ убедливо го поразија Ајнтрахт со 4:0. Пишчек, Санчо, Халанд и Гереро ги постигнаа головите за Борусија.
Норвашката сензација Халанд ја продолжи неверојатната серија во дресот на Борусија. Тој во Дортмунд пристигна во јануари, досега одиграл шест натпревари и постигнал девет гола, осум од нив во Бундес лигата. Ова е нов рекорд во најсилната германска конкуренција.
Нов рекорд постави и Борусија. Клубот од Дортмунд по 22 натпревари во Бундес лигата има постигнато 63 гола со што го израмни рекордот на Баерн од сезоната 1073/74 и ХСВ од сезоната 1981/82.