Top Sport

Халанд и уште четворица ќе ги напуштат „милионерите“

Борусија Дортмунд и оваа сезона ќе ја заврши без освоен трофеј. „Милионерите“ испаднаа од Купот на германија и Лигата на шампионите, потоа и од Лига Европа, а во Бундеслигата, по поразот од Лајпциг (1:4) имаат девет поени помалку од Баерн, на шест кола до крајот на сезоната.

Челниците на Борусија, започнаа со плановите за наредната сезона. Сигурно е дека клубот ќе го напушти Еринг Халанд, а на трансфер листата се ставени четворица стандардни играчи од првиот тим.

Аксел Витсел нема намера да го продолжи договорот и тој ќе замине како слободен играч, а клубот нема да смета ниту на Торган Азар, јулијан Бранд и Нико Шулц.

Според германските медиуми Борусија нема намера да се раздели со тренерот Марко Розе.

Scroll to Top