Борусија Дортмунд имаше одличен старт на новата сезона во Бундеслигата, откако со 3:0 ги совладаа Борусија Менхенгладбах, благодарение на двата гола на нивната норвешка ѕвезда, Ерлинг Халанд.
Џовани Рејна ги донесе БВБ во водство во 35. минута по асистенција на младиот Англичанец, Џуд Белингем, пред во 54. минута Халанд да го постигне својот прв гол од пенал.
Во 77. минута по асистенција на друг млад Англичанец, Џејдон Санчо, Халанд лесно ја смести топката во голот на „ждребињата“.