Top Sport

„Халанд мора да напредува“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека напаѓачот на неговиот тим Ерлинг Халанд се уште има простор за напредок.

Шпанецот изјави дека Халанд мора повеќе да внимава на движењето и текот на играта на целиот тим.

„Тој дефинитивно сака да дава голови за нас. Во моментов сме во процес каде што треба да биде повеќе вклучен, но сè зависи од него. Сите се во систем на игра каде, ако има 3-4 играчи на едната страна, барате друга опција. Ние сакаме да го бараме него низ играта, а не да го таргетираме. Тој мора да се подобри во тоа“, објасни Гвардиола за „Скај Спортс“.

Во својата прва сезона во Премиер лигата, Халанд веќе постигна 27 гола на 25 натпревари и собори бројни рекорди.

Манчестер Сити го „брка“ Арсенал на првото место, заостанува пет бода.

Scroll to Top