Top Sport

Мистериозна смрт – Почина легендарниот чешки ски-скокач

Чешкиот натпреварувач во ски скокови Антонин Хајек е пронајден мртов, а околностите за неговата смрт се уште не се познати.

Антонин Хајек беше пронајден мртов во Малезија. Неговото семејство на 2 октомври 2022 година го пријавило за исчезнат.

Последен пат е виден во Малезија, а за жал таму е пронајдено неговото тело.

„Почина поранешниот ски-скокач, чешкиот рекордер и селектор на репрезентацијата Антонин Хајек. Неговиот живот згасна во 37. година. Од почит кон неговото семејство нема да даваме информации за причините кои доведоа до неговата смрт“, се вели во соопштението на националниот Сојуз.

Повеќе детали и причини за смртта ќе бидат познати по обдукцијата која ќе биде извршена во наредните денови.

Scroll to Top