Ерлинг Халанд не смета дека се натпреварува со ѕвездата на Пари Сен-Жермен Килијан Мбапе, откако му беше посочено дека тие двјца треба да ја преземат улогата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси како доминантни личности во светскиот фудбал следната деценија.
Напаѓачот на Манчестер сити е покрај Мбапе на листата на номинирани за „Златната топка“, и со неговите 23 години и 24-те на Мбапе, медиумите сакаат да покажат дека тие се ѕвездите на иднината.
„Сите мислат дека ние сме во таква конкуренција, но треба да се посочи колку луди се работите кои ги направија Меси и Кристијано. Исто така, да се потсетиме, тие уште го прават тоа и на своите години, уште се фантастични играчи. Никогаш не зборувам дека сум против друите играчи, не го гледам фудбалот така. Се фокусирам на мојата игра, се обидувам да бидам подобар со секој нареден меч. Гледам многу фудбал на ТВ бидејќи го сакам фудбалот“, вели Халанд за „Франс фудбал“.