И покрај тоа што медиумите го креваат во небо, а тој секој следен меч одговара со нови голови, Ерлинг Халанд вели дека е невозможно да се споредува со фудбалери како Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои се најдобри во историјата.
20-годишниот Халанд повторно има неверојатна сезона со 33 гола во 31 меч за Борусија Дортмунд, што го направи мета на најголемите европски клубови и додека Меси и Роналдо се приближуваат до крајот на кариерата, тој е на самиот почеток. Зборувајќи за норвешкиот „Дагбладет“, тој останува скромен.
„Искрено, размислувам само за себе, за тоа како да бидам подобар секој следен натпревар. Не мора да зборувам за Меси и Роналдо, најверојатно најдобрите играчи во историјата. Имам уште многу за да го стигнам тоа ниво“, вели Халанд.