Top Sport

Халанд: По Сити, втор избор беше Баерн

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, во документарниот филм „Халанд – големата одлука“, откри интересни детали за неговиот трансфер во Манчестер сити.

Норвешкиот голгетер откри дека англискиот првак ја плетел мрежата речиси 18 месеци, а се започнало за време на двомечот со Борусија Дортмунд, во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

„По тој натпревар мислам дека 15 луѓе дојдоа да ми кажат дека треба да дојдам кај нив. Стоунс, Рубен Дијаш, Гундоган, Фоден, Де Брујне… Никогаш не сум носел одлука за следниот клуб поради тренерот што го води, но голем плус е што Пеп Гвардиола е во Сити, тој е најдобриот тренер во светот. Сити е најдобриот спортски проект во светот во моментов и тоа е местото каде што ќе можам да бидам најдобар“, изјави Халанд.

Минатото лето, неколку клубови сериозно беа заинтересирани за Халанд. Во документарецот тој откри каква била интерната листа.

„Мислам дека Манчестер сити беше најдобриот тим на нашата листа. Баерн е број два. На третото место е Реал, а по него е Пари Сен Жермен. Секако, покрај Сити, на списокот има уште неколку англиски тимови кои се доста добри, Ливерпул и Челзи. Тука е и Барселона, сите се приближно во ист ред.

Почетокот на сезоната покажува дека Халанд донел добра одлука, бидејќи на првите 10 натпревари во сите натпреварувања постигна 14 гола.

Scroll to Top