Top Sport

Конте гласините за преселба во Јувентус ги нарече непочитување

Италијанскиот стручњак и менаџер на Тотенхем, Антонио Конте вели дека гласините за неговата преселба во Јувентус, се знак за непочитување кон него и неговиот колега
Масимилијано Алегри.

„Мислам дека тоа е чисто непочитување кон тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри и непочитување кон мојата работа во Тотенхем“, изјави Италијанецот на прес-конференцијата пред дербито со Арсенал.

Конте ја освои титулата во Серија А со Јувентус и како играч и како тренер.
„Само што ја започнавме сезоната. Многупати говорев на оваа тема и секогаш сум велел дека сум среќен во Тотенхем“, изјави Конте.

Конте минатата сезона успеа да го врати Тотенхем во Лигата на шампионите, а годинава немаат пораз во првите седум кола, пред дербито се наоѓаат на третото место, со бод помалку од водечкиот Арсенал.

„Имам одлични односи со сопственикот на клубот. Не гледам зошто би имало некакви проблеми во иднина“, додаде Конте.

Scroll to Top