Top Sport

Халанд потрошил 500.000 евра на скапи подароци за разделба во Борусија Дортмунд

Одличниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд кариерата ја продолжува во Манчестер Сити, а со стил се збогува со соиграчите, стручниот штаб и вработените во Борусија Дортмунд.

Халанд им поделил подароци вредни околу 500.000 евра на сега веќе поранешните соиграчи и вработени во клубот. Како што открива „Билд“, на секој од своите 33 соиграчи им подарил часовник „Ролекс“ со лична гравура, а цената на еден изнесува од 13.000 до 15.000 евра. Тој им подарил специјални подароци и на клупскиот персонал, готвачите, физиотерапевтите, лекарите.

Часовниците што Халанд им ги подарил на соиграчите доаѓаат од Холандија во мали кутии и секоја содржи по три фотографии од напаѓачот.

„Ми беше чест да го носам овој дрес. Во Борусија Дортмунд имав незаборавни моменти, запознав посебни луѓе, а да не зборуваме за навивачите кои отсекогаш биле дванаесеттиот играч на теренот. „Жолтиот ѕид“ е навистина неверојатен. Никогаш нема да ги заборавам овие работи. Ви благодарам на сите“, е пораката која ја напишал Ерлинг Халанд.

Scroll to Top