Еринг Халанд,голгетерската сензација од Салцбург најверојатно ќе го напушти овој клуб во зимскиот преоден рок. За него се интересира „пола Европа“, а во вторникот на дуелот Салцбург-Ливерпул 40 екипи испратиле свои скаути да го следата младиот Норвежанец.
Вундеркиндот од Норвешка во досегашниот дел од сезоната има постигнато 28 гола на 23 натпревари. Постави рекорд во Лигата на шампионите, откако стана првиот што во првите пет кола постигнал осум гола.
Медиумите шпекулираат дека за неговиот потпис ќе се борат Манчестер Јунајтед и Јувентус, меѓутоа од Германија доаѓаат други информации.
Халанд синоќа слетал на аеродромот во Дортмунд. Според медиумите тој аеродромот го напуштил во друштво на претставник на Борусија.
Дека Халанд пристигнал во Дротмунд на преговори со „милионерите“ на својот профил на „Твитер“ објавил и поранешниот играч на Ајнтрахт Јан Аге Фјортофт.