Top Sport

Халанд „пролупа“ на Миконос – сметка од 500.000 и бакшиш од 30.000 евра!

Новата фудбалска мегаѕвезда, Ерлинг Халанд несомнено е еден од најдобрите млади фудбалери на светот кому многумина му предвидуваат голема иднина, и секако, огромна заработувачка во кариерата.

И покрај ова, вестите од Грција се интересни – тој успеал да потроши неверојатни 500.000 евра на еден ресторан на островот Миконос, и оставил бакшиш од невозможни 30.000 евра. Според грчкиот весник „Спортајм“, норвешкиот ас на Борусија Дортмунд (каде што заработува околу 170.000 евра неделно), сметката во ресторанот „Намос“ успеал да ја направи за само пет часа, во кои се испиле четири шишиња Кристал винтиџ и се јадело добро.

Халанд се јави преку Твитер со одговор дека се работи за „лажни вести“ со интересна порака: „Мислам дека го заборавија главното јадење“.

Scroll to Top