Норвешкиот голгетер Ерлинг Холанд го постигна победничкиот гол за Манчестер Сити против својот поранешен тим Борусија Дортмунд. Тој имаше импресивен потег и удар во воздух по одличната асистенција на Жоао Кансело.
„Таков гол дадов и против Волфсбург во Германија. Среќен сум што постигнав убав гол, но најважно е дека тимот стигна до победа. Можеби луѓето велат дека не играм доволно со топката, но не ми е грижа. Мојот сон е да ја допрам топката пет пати и да постигнам пет гола. Дали јас сум импресиониран од играта што ја покажав? Не размислувам за тоа. Повеќе сум фокусиран на следниот натпревар, а мојата работа е да постигнувам голови“, изјави Халанд.
Манчестер Сити има шест бода по две кола во грушата од Лигата на шампионите.