Top Sport

Фијаско на Јунајтед кај Лестер, крај на гостинската серија на „ѓаволите“

Паузата за интернационалнте мечеви не ја поправи атмосферата во Манчестер јунајтед, откако „ѓаволите“ ја почнаа низата од шест тешки мечеви со 4:2 пораз на гостувањето на „Кингс Пауер“ кај Лестер. Со ова се става крај на низата од 29 меча без пораз на гости во Премиерлигата на тимот на Оле Гунар Солскјер.

Во драматичен меч, Јунајтед имаа 1:0 водство на стартот на мечот, но нивната одбрана беше во катастрофална форма, посебно преку капитенот и поранешниот играч на Лестер, Хери Мегваер за втор пораз во сезоната и паѓање на петтото место на табелата.

Мејсон Гринвуд во 19. минута постигна апсолутно фантастичен гол за водство на „ѓаволите“, меѓутоа тоа беше убедливо најдобриот момент во играта на гостите во првото полувреме, откако Јури Тилеманс (иронично поврзуван со трансфер во Јунајтед) во 31. минута да израмни со уште еден убав гол по грешката на Мегваер.

Во второто полувреме имаше драматичен период од десетина минути во кои прво Лестер поведоа со голот на Чаглар Сојунџу во 78. минута, за четири минути подоцна, Маркус Рашфорд со одлично истрчување да постигне гол во својот прв меч оваа сезона и да израмни на 1:1. Но, буквално во следниот напад, повторно колапс на одбраната на Јунајтед која ја казнува Џејми Варди за 3:2. Патсон Дака во 91. минута од мечот по еден корнер за Лестер само стави сол на раната на гостите.

Следен меч на Јунајтед? Дуелот со Ливерпул на „Олд Трафорд“…

ПРЕМИЕРЛИГА, 8.КОЛО

Лестер – Манчестер јунајтед 4:2

Манчестер сити – Барнли 2:1

Астон вила – Вулверхемптон 2:2

Норич – Брајтон 0:0

Саутемптон – Лидс 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top