Top Sport

Халанд со деветти гол во шест меча, Дортмунд го „прегази“ Ајнтрахт (видео)

Борусија Дортмунд стигна до убедлива 4:0 победа над Ајнтрахт Франкфурт во првиот меч од 22. коло во Бундеслигата за да се искачи на второто место на табелата со само поен помалку од Баерн Минхен, кој во недела гостува на Келн.

Покрај победата, повторно вест е норвешкиот супер-талентиран напаѓач Ерлинг Халанд, кој повторно постигна гол за „милионерите“, негов деветти (!) гол во само шест меча за неговиот нов клуб.

Лукаш Пишчек го отвори резултатот на „Вестфален“ во 33. минута, но победата за домаќинот беше обезбедена во второто полувреме. Прво, Џејдон Санчо во 50. минута зголеми на 2:0, за Халанд пет минути подоцна по асистенција на Хакими да зголеми на 3:0. Рафаел Гереиро во 74. минута ги постави конечните 4:0.

Scroll to Top