Top Sport

„Волците“ и „лисиците“ со 0:0, новa ВАР-контроверза во Премиер лигата (видео)

Вулверхемптон и Лестер, двата тима од Премиер лигата кои оваа сезона повторно изненадуваат со својата одлична форма, одиграа 0:0 во првиот меч од 26. коло во Англија по кратката зимска пауза, но мечот повторно беше во сенка со „сомнителна“ одлука на ВАР-системот.

Клучната случка дојде во финишот на првото полувреме, кога по еден брзо изведен корнер, Вилијам Боли ја затресе мрежата на Лестер, меѓутоа судијата Мајк Дин по консултациите со ВАР системот одлучи дека се работело за офсајд при изведувањето на корнерот. Попусти беа протестите на фудбалерите на Вулверхемптон.

Вулверхемптон потоа не искористи шанса во финишот на второто полувреме со играч повеќе да стигне до предност откако во 76. минута втор жолт картон доби Хамза Чудхури.

Лестер остануваат трети на табелата со 50 поени, еден помалку од Манчестер сити и девет пред Челси, додека Вулверхемптон се седми со 36 поени, три помалку од четвртопласираниот Шефилд јунајтед.

Scroll to Top