Ерлинг Халанд го постигна својот 12. и 13. гол во само 10 меча од Бундеслигата оваа сезона, за да ги предводи Борусија Дортмунд до тешко извојувана 3:0 победа над последнопласираниот Гројтер Фирт, за да се доближат на шест поени од лидерот Баерн Минхен.
Останатите предизвикувачи за висок пласман немаа толку среќа – Баер Леверкузен одигра само 2:2 со Хофенхајм, додека Фрајбург на гости кај Унион Берлин имаше само 0:0.
Халанд прво во 33. минута со гол од пенал им донесе водство на „милионерите“, пред во финишот на натпреварот, домаќините да го решат мечот. Во 82. минута по нафрлањето на Јулијан Бранд, Халанд со глава донесе 2:0 водство, пред Доњел Мален во 89. минута да стави точка на натпреварот.
Борусија сега има 34 поени на второто место на табелата, шест помалку од Баерн, но веќе шест поени пред Леверкузен и седум пред Хофенхајм.
БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО
Борусија Дортмунд – Гројтер Фирт 2:0
Аугзбург – РБ Лајпциг 1:1
Баер Леверкузен – Хофенхајм 2:2
Борусија Менхенгладбах – Ајнтрахт Франкфурт 2:3
Унион Берлин – Фрајбург 0:0