Top Sport

Французинките ги совладаа упорните Швеѓанки за полуфинале на СП

Олимписките шампионки Франција, ќе се обидат да стигнат до трета светска титула, откако се пласираа во полуфиналето на Мундијалот во Шпанија со 31:26 (15:15) победа над упорните Швеѓанки, за да закажат полуфинале со уште една нордиска репрезентација, Данска.

Претходно, Норвешка се пласираше во ново полуфинале со убедлива 34:28 (19:15) победа на Русија, за во второто полуфинале да се судри со домаќините, Шпанија. Ова е четврто последователо полуфинале на Норвешка и седмо во последните осум Мундијали, додека Русија го завршува настапот на осмото место, нивни најслаб пласман од 1999 година.

ПОЛУФИНАЛЕ, СП ШПАНИЈА 2021

Данска – Франција

Норвешка – Шпанија

Scroll to Top