Top Sport

Халанд стави крај на надежите на Баварците

Сите надежи дека Баерн Минхен во второто полувреме ќе направи чудо и ќе ја надополни разликата од 0:3 од Манчестер сити од првиот меч во четврт-финалето на Лигата на шампионите, паднаа во вода во 57. минута.

Пред разочараната „Алијанц арена“, повторно проработе дуото Кевин де Брујне-Ерлинг Халанд, за Норвежанецот да се „оправда“ за промашениот пенал во првото полувреме. Халанд повторно го доби директниот дуел со Дајот Упамекано, за да постигне убав гол.

На „Сан Сиро“, пак, Интер во 65. минута од мечот со голот на Лаутаро Мартинез ја врати предноста на 2:1 против Бенфика. Интер имаше 2:0 од гостувањето во Португалија.

Scroll to Top