Босанскиот пејач Халид Бешлиќ преку Фејсбук му се заблагодари на Златан Ибрахимовиќ, откако тој на Интернет постави видео во кое шведскиот фудбалер во соблекувалната пее една негова песна.
Фудбалерот на Лос Анџелес галакси на Инстаграм постави видео на кое во позадина се слуша песната „Белграѓанка“ на Бешлиќ, а пејачот не остана покус.
„Му благодарам на Златан Ибрахимовиќ“, напиша Бешлиќ на Фејсбук.
Свој коментар даде поранешниот соиграч на Ибрахимовиќ од Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, кој кратко прокоментира „Сељак!“.