Top Sport

Хаман: Кој дозволи заменикот на Клоп да издаде книга и да ги открие сите тајни на Ливерпул?

Поранешниот фудбалер на Дитмар Хаман ја критикуваше одлуката на Ливерпул да дозволат помошникот тренер Пепијн Лајндерс да објави книга за тактиката на тимот на Јирген Клоп додека тој уште работи на „Енфилд“.

„Црвените“ имаат лош почеток на сезоната и по две победи во првите шест меча од сезоната се на седмото место на табелата, а вчера доживеаја понижувачки 4:1 пораз од Наполи во меч кој ја покажа недостатокот на енергија во тимот и сомнителните одлуки во одбраната. Хаман, кој имаше 283 настапи за Ливерпул од 1999 ддо 2006 година, вели дека дел од вината паѓа на помошникот на Клоп, Лајндерс, кој во август ја објави книгата „Интензитет – внатре во Ливерпул ФЦ“, во која според најавата се дава „експертска слика од прва рака за сите работи од тренирањето, до тактиката и тимските разговори“.

Иако е тешко да се верува дека во книгата се предадени „тајните“ на успехот на Ливерпул во последните години, Хаман смета дека на „Енфилд“ морале да го кренат алармот и да постават прашања.

„За навивачите на Ливерпул, алармот требаше да биде кренет кога сегашниот помошник менаџер напиша книга додека работи во клубот. Како тоа му беше дозволено, навистина не ми е јасно“, вели Хаман.

Scroll to Top