Top Sport

Спектакуларен пречек за Икарди: Дојдов за да постигнам големи успеси со Галатасарај

Аргентинскиот фудбалер и напаѓач на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, синоќа пристигна во Истанбул. Тој во претстојната сезона ќе го носи дресот на Галатасарај како позајмен играч.

Икарди доцна синоќа, придружуван од семејството, со приватен авион пристигна на аеродромот Ататурк во Истанбул, каде што беа пречекани од бројни навивачи на Галатасарај.

„Овде владее неверојатна атмосфера. Многу сум среќен што сум овде. Засега, тука сум една сезона. Дојдов да постигнам голем успех. Моето семејство и јас сме многу возбудени“, изјави Икарди.

Аргентинецот зад себе има богата кариера. Како млад играше за Барселона и Сампдорија. Професионалната кариера ја започна во 2012 година во Сампдорија, а потоа се пресели во Интер каде мина шест сезони. Во 2019 година, Икарди се пресели во францускиот тим Пари Сен Жермен.

За аргентинската репрезентација забележа осум настапи и постигна еден гол.

Scroll to Top