Поранешниот играч од средниот ред на Њукасл и Ливерпул, Германецот Дитмар Хаман беше посебен гости на ирската ТВ за дуелот Севилја-Манчестер јунајтед, и благо речено, не беше многу импресиониран од тимот на Жозе Мурињо.
Иако натпревар кој завршил со 0:0 ретко може да добие пофалби, Хаман по мечот имаше страшни забелешки за играта на Јунајтед.
‘Dreadful, anti-football… an embarrassing performance’ – strong words from Didi Hamann on Manchester United #RTEsoccer pic.twitter.com/9hBLiAg6CF
— RTÉ Soccer (@RTEsoccer) February 21, 2018
„Добар меч за Севилја, кои направија се освен дадоа гол. За Јунајтед ова беше страшен меч, анти-фудбал, и за клуб од големината на Јунајтед ова беше засрамувачки за сите“, вели Хаман.
Јунајтед се спаси од пораз само благодарение на фантастичниот Давид де Хеа, откако шпанскиот клуб имаше 25 удари на голот во споредба со шесте на Јунајтед.