Top Sport

Хамес контра Ковач: Баерн не ти е Ајнтрахт Франкфурт!

По стартот од соништата за хрватскиот тренер Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен, почнаа да се јавуваат проблеми, а по последниот негативен резултат се јави колумбиската ѕвезда Хамес Родригез со кратка порака до својот тренер: Баерн Минхен не е Ајнтрахјт Франкфурт.

Ковач пристигна во Баварија со голема репутација по одличната сезона со Ајнтрахт со кој го освоија германскиот куп и беа на чекор до место во Лигата на шампионите. Родригез, преку „Билд“ праќа остра порака за својот тренер: „Веќе не сме во Франфкурт“.

Ова доаѓа откако фудбалерот кој е позајмен од Реал Мадрид не играше во 1:1 ремито со Аугзбург, пред да биде оставен на клубата и за ремито дома со Ајакс во Лигата на шампионите. Шпекулациите велат дека во управата на „Алијанц арената“ веќе се јавуваат сомнежи дека требаа да го чекаат Јулијан Нагелсман од Хофенхајм, кој сега има „пред-договор“ со РБ Лајпциг.

Покрај ова, извештајот во „Билд“ вели дека во соблекувалната на Баерн тренерскиот тим зборува само на хрватски, иако Ковач и неговиот брат Роберт се родени во Германија и добро го зборуваат германскиот јазик.

Scroll to Top