Top Sport

Серена со прва титула од 2017, Плишкова по третпат шампион во Бризбејн

Серена Вилијамс ја освои својата прва титула од Австралија опен 2017, откако со 6:3/6:4 ја победи американската сонародничка Џесика Пегјула на Оукленд класик турнирот во неделата.

38-годишната Американка со ова ја освои својата 73. ВТА титула и ја прекина лошата серија од речиси три години без трофеј, иако оттогаш беше во пет финалиња. Сега, за Американката доаѓа вистинскиот предизвик да се израмни со Маргарет Корт и нејзините 24 гренд слем титули во сингл, откако по трофејот од Мелбурн во 2017 зазгуби две финалиња на Вимблдон и две на САД опен.

Во Бризбејн пак, Каролина Плишкова со 6:4/4:6/7:5 ја совлада Медисон Киз за да стане првата тенисерка со три титули од подготвителниот турнир за Австралија опен. Оваа тешка победа за Чехинката доаѓа откако во полуфиналето играше три часа за победа над Наоми Осака.

Scroll to Top