Top Sport

Ханза Рошток сака да го купи Милан Ристовски

Германскиот второлигаш Ханза Рошток е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Милан Ристовски. Според германските медиуми, клубот набрзо ќе испрати официјална понуда за напаѓачот на Спартак Трнава.

Спортскиот директор на Ханза, Кристијан Волтер, истакна дека приоритет на клубот е да доведе нов офанзивец, а на врвот на листата на желбите е токму Милан Ристовски.

Тој за тимот на Спартак Трнава досега одигра 106 натпревари, на кои постигна 38 гола и забележа осум асистенции.

 

Scroll to Top