Top Sport

Невил: Навивачите на Ливерпул ќе бидат за Манчестер јунајтед!

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил вели дека навивачите на Ливерпул ќе навиваат за нивниот вечен ривал во дербито против Манчестер сити, бидејќи им е потребна „помош“ ако сакаат до титулата.

Невил, кој беше капитен на Јунајтед, а сега работи како ТВ-коментатор верува дека „црвените“ ќе бидат зад тимот на Жозе Мурињо за да се спречи доминација на тимот на Пеп Гвардиола, кој во моментов има 2 поени пред Челси, Ливерпул и Тотенхем (со натпревар повеќе) по 11 натпревари во сезоната. Јунајтед се само осми!

„Навивачите на Ливерпул ќе бидат зад Јунајтед денеска, нема сомнеж во тоа. Можеби нема баш да навиваат, но ќе бидат очајни ние да им ’скинеме’ поени на Манчестер сити. Исто како навивачите на Челси. Според сегашната слика во шампионатот постои опасност повторно Сити да избегаат со титулата. Не потклекнуваат на никаков начин и затоа ривалите ќе се надеваат Ман јунајтед да откине некој поен. И цела лига“, вели Невил.

Scroll to Top