Top Sport

Супер-богаташот Фламини би бил заинтересиран да го преземе Арсенал или Марсеј

Откако им „тргна“ во Премиеригата, навивачите на Арсенал барем привремено ги стопираа протестите против американскиот газда Стен Кренке, кој го откупи лубот во 2018 година, но наскоро тие би можеле да имаат сопственик во еден од своите поранешени фудбалери, Французинот Матју Фламини.

Поранешниот фудбалер од средниот ред на „топчиите“ направи богатство откако се откажа од фудбалот, формирајќи повеќе компании, како „ГФБиокемикалс“. Во 2020, магазинот „Форбс“ ја процени вредноста на компанијата на 10 милијарди фунти, а Фламини има 60 отсто од сопственоста, така што не би му било проблем да го купи Арсенал. Фламини неколку пати сакаше да посочи дека е толку богат ако што се пишува, но сега остава простор да стане сопственик на еден од неговите поранешни клубови, Арсенал или Олимпик Марсеј.

„Секако, тие два клуба имаат посебно место во моето срце. Никогаш не заборавам од каде сум стигнал. Во животот никогаш не знаеш, но ако има вистинска можност, може да се оствари со вистинските луѓе. Ќе видиме што носи иднинатат. Ако нешто го сакаш навистина силно, универзумот ќе ти даде шанса“, вели Фламини во интервју за „Атлетик“.

Scroll to Top