Top Sport

Хаосот на Чаир придонесе за дефинитивен прекин на мечот меѓу Шкупи и Шкендија

Мечот од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е дефинитивно прекинат и нема да продолжи. Вистинска „војна“ се случи денеска на стадионот Чаир откако во десеттата минута навивачи на Шкупи влетаа на теренот за да се пресметаат со стрелецот на водечкиот гол за Шкендија, Дашмир Елези.

Владееше хаос, општа тепачка на теренот, навивачите ги нападнаа фудбалерите на Шкендија, а потоа имаа жестока пресметка и со полицијата, која на крајот ја стави ситуацијата под контрола.

Судијата Јован Качевски и делегатот одлучија дека мечот нема да продолжи, затоа што може да доведе и до нови несакани последици, можеби и човечки жртви.

Сега прекинатиот натпревар ќе се префрли во органите на ФФМ, Натпреварувачката комисија и Дисциплинската комисија на ФФМ.

Scroll to Top