Top Sport

Сампаоли: Мундијалот се игра на место каде што не треба, во термин кога не треба

Тренерот на Севилја, Хорхе Сампаоли, отворено проговори за Мундијалот во Катар. Тој смета дека се игра во погрешно време и на погрешно место.

„Сега никој нема право да се жали, бидејќи тоа требаше да се реши многу порано. ФИФА одлучи Светското првенство да се игра на место каде што не треба, во термин кога не треба. И тие направија се за пари, за бизнис“, вели Хорхе Сампаоли.

Севилја денеска ќе се сретне со Реал Сосиедад.

„Некои фудбалери ќе бидат гледани, не со аголот на окото, туку со двете очи, од целиот свет. Тоа е неизбежно. Ние сме на средина на многу тешка задача на ментално ниво. Оваа близина на Светско првенство влијае на деконцентрацијата и ја отежнува нашата работа. Не само во Севилја, туку и во другите тимови“, изјави Хорхе Сампаоли.

Scroll to Top