Top Sport

Хаотичниот крај во Каљари се случил поради расистичките навреди кон Мањан и Томори

Хаотичните сцени во финишот на вчерашниот меч помеѓу Каљари и Милан (0:1) се случиле поради расистичките навреди од навивачите на Сардинија кон Фикајо Томори и Мајк Мањан, тврдат италијанските медиуми.

Голманот на Милан, Мањан бил најблиску до ултрасите на Каљари, а по крајот на мечот тој направи гест дека не ги слуша, нешто што ги зовреа страстите, и фудбалерите на Каљари почнаа мешаница во која беа вклучени фудбалери на двата клуба, вклучувајќи го и директорот на Милан, Паоло Малдини, кој се обидуваше да ја смири ситуацијата.

Според „Скај спорт Италија“, проблемите продолжиле и на патот до соблекувалната посебно помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Жоао Педро. Инцидентот го потврди и тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

„Мајк ми кажа дека постојано слушал навреди зад голот. Ова е првпат тој да реагира импулсивно, така што имало причина. Томори ми го кажа истото. Никој не заслужува такво нешто“, изјави Пиоли за „ДАЗН“.

За жал, ова не би бил прв случај навивачите на Каљари да се виновни за расизам по повеќе инциденти во минатото. Тие расно го навредуваа Моисе Кин од Јувентус во минатото, а минатата година таков прием доби Ромелу Лукаку додека беше фудбалер на Интер.

Scroll to Top