Top Sport

Руни се сретна со УФЦ ѕвездите Пимблет и Меккен

Вејн Руни беше посебен гостин на УФЦ Лондон шоуто вчера, каде што се сретна со победниците Педи Пимблет и Моли „Митбол“ Меккен, кои исто како него имаат потекло од Ливерпул.

Пимблет го победи Родриго Варгас во првата рунда откако противникот се предаде, додека Меккен имаше спектакуларен нокаут над Луана Каролина во луда атмосфера во „О2 Арената“ во Лондон.

Двајцата фајтери добија посета од менаџерот на Дерби каунти во соблекувалната, откако претходно пееја песна во чест на 97-те жртви од трагедијата на „Хилзборо“. Руни, сепак, не е фан на Ливерпул, откако својата кариера ја почна во Евертон.

„Ќофтето“ Моли со најдобриот УФЦ нокаут во 2022!

УФЦ: Пимблет го „реши“ Варгас во првата рунда

Scroll to Top