Top Sport

Хаотично дерби на „Руевица“ – Хајдук победи, навивач нокаутиран!

Дербито од 16. коло на Хрватската прва лига помеѓу Риека и Хајдук на „Руевица“ беше полно со инциденти и со гостинска победа на Хајдук од 3:2.

Хаосот започна кога Марко Ливаја даде гол во финишот на првото поувреме за водство на Хајдук, а еден навивач се обиде да се пресмета со него по провокацијата кон публиката.

Риека израмни во 54. минута преку Дрмиќ, за во 79. минута да направат пресврт со гол од пенал на Муриќ за 2:1. Драматичниот финиш продолжи кога во 86. минута повторно беше досуден пенал, а Ливаја израмни на 2:2, пред во осмата минута од продолжението Млакар да донесе победа со гол од глава.

Додека играчите на Хајдук прославуваа, Млакар остана на тревата по судирот со глава со дефанзивец на Риека. По мечот, навивачите на Риека влетаа на теренот, а дел од групата „Армада“ се упати кон играчите на Хајдук, пред еден од навивачите да добие нокаут од обезбедувањето на Хајдук.

Scroll to Top