Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Овен Харгривс вели дека легендарниот Сер Алекс Фергусон би го пратил бразилскиот фудбалер од средниот ред Фред на клупа цел месец откако тој не успеа да го спречи контранападот со кој Евертон дојде до 1:1 реми на „Олд Трафорд“ на вчерашниот натпревар.
Андрос Таунзенд израмни по еден час игра по брзиот контранапад, откако Демарај Греј му ја одзеде топката на Фред. Харгривс, кој играше под Фергусон од 2007 до 2011 вели дека Оле Гунар Солскјер е одговорен за ситуацијата.
„Таков гол едноставно не требаа да примат. За тоа те плаќаат, затоа си во првиот тим, твојата работа е да го сопреш таквиот контранапад . Фред има две шанси за го сопре нападот, двапати го губи дуелот. Сер Алекс не би му простил за такво нешто, не би играл цел месец. Јунајтед немаат контрола на мечевите. Знам дека Хери Мегваер недостасува, но ако играш со двајца дефанзивни средни играчи, Мектоминеј и Фред, таков гол не смееш да примиш