Top Sport

Хари Кејн ги нападна соиграчите: Мечот не ни започнал, а ние сме примиле три гола

Тотенхем мора да престане да прима толку многу голови во почетните минути од натпреварите, изјави капитенот Хари Кејн. Ливерпул им даде три гола на фудбалерите на Тотенхем за само 15 минути, а иако израмни, Диого Жота им донесе победа на „црвените“ во последните секунди.

„Не ни се случува првпат оваа сезона и мораме да ги исправиме тие грешки. Покажавме дека можеме да ги свртиме работите и повторно го докажавме тоа на место како „Енфилд“, изјави Кејн. „Сепак, овие лоши стартови се апсолутно неприфатливи и тешко ми е да ги објаснам. Крајно време е да докажеме дека не сме таков тим“.

Новиот стратег Рајан Мејсон смета дека играчите на Тотенхем мора да бидат подготвени од првата минута.

„Ако не сте подготвени да одите со полна брзина, ќе ви даваат голови. Ако примите три гола, тогаш ќе ви претстои тежок период до крајот на натпреварот. Ќе разговарам со играчите за тоа “, изјави тој за „Би-Би-Си“.

Scroll to Top