Top Sport

Хари Кејн ќе ја носи „деветката“ на Баерн, денеска прегледи и потпис на договорот

Трансферот на ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн, во Баерн Минхен сега е извесен, тврдат водечките британски и германски спортски медиуми. Баерн ќе го собори својот трансфер рекорд за најскапо купување и ќе му плати на Тотенхем 100 милиони евра за Кејн, а планирани се уште 20 милиони евра во форма на можни бонуси.

Платата на капитенот на англиската фудбалска репрезентација се очекува да биде околу 25 милиони евра годишно.

Хари Кејн денеска околу 10.30 часот треба да пристигне во Минхен каде ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи. Доколку сѐ биде во ред, тој ќе потпише четиригодишен договор со Баерн, а се очекува да го носи дресот со број „9“.

Според информациите, самиот фудбалер изразил желба да настапи утре на натпреварот за Суперкупот на Германија против Лајпциг. Сепак, не е јасно дали Баерн навремено ќе може да го пријави играчот, бидејќи рокот за ова е денеска до 15 часот.

 

Scroll to Top