Top Sport

Осимен ќе потпише нов договор со Наполи

Ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен, ќе остане во Неапол и ќе потпише нов договор. Тој ќе се обврзе на верност до 2027 година, а платата ќе му биде зголемена на 9 милиони евра по сезона.

За Осимен имаше огромен интерес ова лето, од Саудиска Арабија дојдоа примамливи понуди, а тој беше во фокусот и на Пари Сен Жермен, Баерн Минхен и на Манчестер Јунајтед.

Сепак, претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис за него побара 220 милиони евра.

„Осимен останува во Наполи, тој има уште две години од актуелниот договор со Наполи. Тој нема да оди никаде, можете да бидете мирни“, им порача Де Лаурентис на фановите на Наполи.

Scroll to Top