Top Sport

Хари Кејн влезе во историјата на европскиот фудбал

Хари Кејн, синоќа, спречи потенцијални проблеми со Мура, во Лигата на конференции. Влезе на теренот во вториот дел при резултат 2:1 и постигна хет трик.

Англискиот репрезентативец е третиот играч во историјата кој успеал да постигне три гола во три различни натпреварувања во организација на УЕФА. Претходно тоа им успеало само на германските легенди Герд Милер и Јуп Хајнкес.

Кејн сезонава се уште нема постигнато гол во Премиер лигата.

Scroll to Top