Top Sport

Крадци влегле во хотелот каде што престојува Меси

Лионел Меси со семејството се уште не нашле дом во Париз. Речиси еден месец Меси живее во луксузниот хотел „Le Royal Моncеau“. Настаните од средата ќе го натераат што е можно поскоро да го напушти хотелот.

Луксузниот хотел, чии гости во минатото биле Мајкл Џексон и Мадона и каде ноќевање чини 1.200 евра, го „посетиле“ карадци. Тие успеале да влезат од преку балкон на шестиот кат. Вкупната штета што ја направиле изнесува околу 20.000 евра.

„Плаќаш богатство во ваков луксузен хотел, каде бараш комфор и безбедност, а потоа некој ќе ти влезе во собата и ќе те ограби. Полицијата на безбедносните камери забележала двајца крадци, но не можат да ги идентификуваат“, им изјавила гостинка на хотелот од чии апартман крадците однеле 3.000 евра.

По овој настан сигурно е дека Меси ќе побрза да најде дом во Париз.

Scroll to Top