Top Sport

(Видео) Хари Кејн во 91.минута спречи нов кикс на Баерн

Баерн го совлада Лајпциг со 2:1, во 23.коло во Бундеслигата. Баварците останаа во трката за шампионската титула благодарение на голот кој го постигна Хари Кејн во 91.минута.

Баерн одново не блескаше, но успеа да победи и да ја прекина серијата од три порази во сите натпреварувања.

Херој на триумфот беше Кејн. Англичанецот го постигна првиот гол во 56.минута, но 14 минути подцна Словенецот Бенјамин Шешко изедначи на 1:1.

Голот за победа Кејн го постигна во 91.минута.

Англичанецот со овие два гола дојде до бројката од 27 гола во сезоната.

По оваа победа избраниците на Томас Тухел се втори на табелата со осум бода помалку од водечкиот Баер Леверкузен. Тимот на Марк Розе моментално е петти со 40 бодови.

Претходно во оваа рунда се одиграа натпреварите: Вердер Бремен – Дармштад 1:1, Борусија Менхенгладбах – Бохум 5:2, Штутгарт – Келн 1:1 и Унион Берлин – Хајденхајм 2:2.

Scroll to Top