Top Sport

Хари Мегваер од лето во ПСЖ?

Хари Мегваер, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед кој поради честите грешки стана омразен кај навивачите, следната сезона би можел да игра за ПСЖ. Британскиот таблоид „Сан“ открива дека ПСЖ веќе преговарал со Манчестер Јунајтед во јануари околу трансферот на Мегваер, но дека немало доволно време да се заврши зделката.

„Се подготвува шокантен трансфер кој ќе стави крај на фрустрирачкиот четиригодишен престој на Мегваер на Олд Трафорд“, пишува „Сан“ и наведува дека ПСЖ мора на англискиот репрезентативец да му ја понуди платата што ја има во Јунајтед. Станува збор за 200.000 фунти неделно.

Мегваер, капитенот на Манчестер Јунајтед, беше надвор од теренот по доаѓањето на тренерот Ерик тен Хаг и стартуваше само на еден од последните осум натпревари во Премиерлигата.

ПСЖ верува дека Мегваер, најскапиот дефанзивец на сите времиња, би можел да ги реши нивните проблеми во одбраната. Пред четири години Јунајтед му плати за Мегваер на Лестер рекордни 87 милиони евра.

Scroll to Top