Top Sport

Хасенхитл доби отказ

Ралф Хасенхитл повеќе не е менаџер на англискиот Саутемптон. Менаџерот доби отказ поради низа лоши резултати.

Австриецот го напушта клубот по речиси четири години. Тој беше четврти тренер со најдолг стаж во Премиер лигата, откако го презеде тимот во декември 2018 година.

Првиот помошник на Хасенхитл, Рубен Селеш, ќе го предводи тимот во натпреварот од третото коло во Лига купот против Шефилд Венсдеј во среда.

Хасенхитл заминува по неделниот пораз од Њукасл со 1:4, по што тимот е во зоната за испаѓање, на 18. место со 12 бода од 14 натпревари.

За време на престојот во „Сент Мери“, најдобриот пласман во Премиер лигата го имаше во сезоната 2019/2020, кога го освои 11.место. Во првата сезона заврши на 16., а во последните две сезони на 15.место на табелата.

Саутемптон има само една победа во последните девет натпревари. Од почетокот на сезоната „светците“ забележаа три победи.

Се уште не е познато кој ќе биде новиот тренер на Саутемптон. Медиумите шпекулурата со имињата на Нејтан Џонс од Лутон, екс тренерот на Ривер Плата, Марсело Гаљардо и Рафа Бенитез кој е слободен.

Scroll to Top