Top Sport

Хаверц ги инспирираше Челси за лесна победа над Борнмут

Паузата поради Светското првенство, очигледно добро влијаеше на тимот на Челси, откако „сините“ стигнаа до рутинска 2:0 победа на Борнмут во режија на Каи Хаверц. Откако во претходните два меча во Премиерлигата пред паузата не постигнаа гол во последните два меча, овојпат работата ја завршија за помалку од половина час.

Германскиот репрезентативец прво во 16. минута го отвори резултатот по асистенција од Рахим Стерлинг, за во 24. минута одлично да му асистира на Мејсон Маунт, кој постигна прекрасен гол од далечина. Борнмут ги имаше своите шанси, но не ги искористи, за на крајот тимот на Греем Потер да добие важни три поени во борбата за топ 4 пласман.

И покрај трите поени, Челси се само осми на табелата во Премиерлигата со 24 поени, шест од топ 4 пласман. Борнмут, кој неодамна доби нови американски газди предводени од актерот Мајкл Б. Џордан (кој беше на трибините) се 14. со 16 поени со петти пораз во низа.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top