Top Sport

Цонга заминува во пензија по Ролан Гарос

Поранешниот светски рекет број 5, Жо-Вилфрид Цонга ќе се пензионира од тенисот по домашниот гренд слем на Ролан Гарос, ставајќи крај на кариерата која во последните години беше во надолна линија по низата повреди.

36-годишниот Цонга во кариерата освои 18 АТП титули, а играше и во финалето на Австралија опен во 2008 година, каде што загуби од Новак Ѓоковиќ. Во февруари тој се врати на тениските терени по подолга пауза, откако ја пропушти 2020 поради повреда на грбот, а лани имаше 1-8 скор.

„Со големи емоции морам да објавам дека ставам крај на кариерата на следниот Франција опен. Премногу прекрасни моменти, радости споделени со публиката која ми даде толку многу. Одиме на уште една заедничка забава“, напиша Цонга на Твитер.

Scroll to Top