Top Sport

Хектор Купер доби отказ од ДР Конго

Аргентинскиот фудбалски стручњак Хектор Купер (66) доби отказ од репрезентацијата на ДР Конго по лошиот почеток на квалификациите за Африканскиот куп на нации 2023. Конго ги загуби првите два натпревари од Габон (0-1) и од Судан (1-2).

Со ова заврши вториот ангажман на Купер на чело на африканска селекција по три години поминати во Египет, кој го водеше на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Во текот на кариерата, Купер ги предводеше и Интер, Валенсија, Парма, Бетис, Мајорка, селекциите на Узбекистан и на Грузија.

Scroll to Top